Српскиот министер Глишиќ е на респиратор и во тешка состојба по операцијата

Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека операцијата на министерот Дарко Глишиќ е завршена и дека тој е на респиратор, а неговата состојба по мозочниот удар се следи „чекор по чекор“, јавува Н1 телевизија.

Причината е елиминирана, но ќе видиме како ќе реагира неговото тело“, рече Лончар, наведувајќи дека нема да дава прогнози.

Министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ, кој доживеа мозочен удар за време на неговото гостување на ТВ Пинк, бил донесен во болница во „екстремно сериозна состојба“. Во изјава за медиумите, Лончар рече дека Глишиќ не имал типичен мозочен удар, туку дека се оштетени два крвни садови, од кои едниот бил блокиран, а другиот крварел.

 

Back to top button
Close