Српскиот Парламент вo понеделник ќе гласа за предлогот Ана Брнабиќ да биде претседателка на Собранието

Конституивната седница на Собранието на Србија ќе продолжи в понеделник, а на дневен ред е изборот на претседател на Парламентот, за што е предложена досегашната премиерка Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

По декемвриските избори, новиот состав на Националното собрание беше конституиран на 6 февруари, откако верификационата комисија го потврди мандатот за сите 250 пратеници.

Потоа пратениците од власта, дадоа и потпишаа заклетва во обраниската сала, додека опозициските пратеници ја напуштија седницата и дадоа заклетва во холот на собранието, по што седницата беше прекината.

Претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ изјави дека на седницата на Претседателството на СНС кое го има мнозинството пратеници во собранието, било договорено Ана Брнабиќ да биде кандидат за претседател на Собранието на Србија.

Таа, по седум години на чело на Владата на Србија изјави дека функцијата претседател на Народното собрание, за која е предложена, ќе биде голем предизвик за неа.

Back to top button
Close