(Видео) Српскиот премиер во Охрид на ад хок средба со Мицкоски. потврдена определба за натамошно унапредување на пријателските односи

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Охрид остварил тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут.
– Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Оценувајќи за за конструктивна, Мицкоски рече дека на средбата со Мацут разговарале за актуелните регионални предизвици, за можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи за поголем развој и просперитет на двете држави.
„Ја потврдивме заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион“порача Мицкоски по средбата.
Мацут во објава на социјалните мрежи рече дека дошол во Охрид со убедување дека добрососедските односи, меѓусебната почит и дијалог се најдобар начин за зајакнување на стабилноста и просперитетот во регионот.
„Со нетрпение очекуваме дискусии за конкретни проекти што дополнително ќе ја зајакнат соработката во областите на инфраструктурата, енергетиката, економијата и регионалната поврзаност“,
напиша српскиот премиер на социјалните мрежи.






