Српскиот премиер Вучевиќ во посета на земјава
Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ денеска, со владина делегација, ќе ја посети земјава. Вучевиќ ќе биде пречекан од премиерот Христијан Мицкоски.
Како што информира владината прес-служба, во рамки на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу претседателите на владите од двете земји, а потоа и пленарна средба меѓу двете делегации, по што ќе следи потпишување меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и српското Министерство за рударство и енергетика.
Предвидена е и заедничка прес конференција на Мицкоски и Вучевиќ.
Според Владата на Србија, Вучевиќ ќе има средба и со претставници од српските здруженија, културно-уметнички друштва, политички партии, како и српски компании кои работат во Северна Македонија