Српскиот претставник ја откажа евровизиската проба: Родители си ги оплакуваат децата, како да пеам?
Српскиот евровизиски претставник Лук Блек (30) ја откажа пробата во Ливерпул, каде од утре до 13-ти мај ќе се одржи 67-то издание на Избор за песна на Евровизија. Тој се појави со црна лента на кошулата, во знак на жалост поради трагично изгубените млади животи во Србија.
-Не можам да замислам да пеам додека лекарите се борат за животите на повредените деца, додека родители ги оплакуваат своите деца. Толку многу ме згрози целиот настан, поради шок ја откажав евровизиската проба. Во мојата земја се случи страшна, ужасна трагедија и длабоко сум потресен – порача тој од Ливерпул