Српските епидемиолози бараат ново заклучување

Бројот на нови заразени од почетокот на септември постојано е над 5.000 на дневна основа, а најмногу заразени од почетокот на пандемијата се регистрирани на 28 септември – 8467.

Оваа вест изминативе денови беше проследена со извештаи од детските болници за четири бебиња на респиратори. 13-годишно момче за кое било потврдено дека има Ковид-19 пред еден месец, починало од белодробна емболија во Сомбор во петокот вечерта.

Реакциите, критиките и предупредувањата на експертите за загрижувачката статистика на корона се движат од забелешки засновани на медицински индикации дека научните основи на епидемиологијата и вирусологијата не се почитуваат до политичките оценки дека владата има „демагогичен пристап кон пандемијата, сведена на одземање на гласачите“.

 

Минатата недела беше одбележана со протести на антиваксерите и десничарите пред домовите и куќите на поедини лекари и медицински членови на Кризниот штаб, со закани од демонстрантите кои носеа жолти ленти на кои пишува „Не сум вакциниран“. Ова дел од критичката јавност го оцени како директна алузија на комеморацијата на Евреите за време на катастрофалните последици од фашизмот и нацизмот во минатиот век.

Последното во низата предупредувања од професијата беше изречено вчера, кога епидемиологот на Студентската поликлиника во Белград, др. Мила Пауниќ најавила дека има зголемување на бројот на заразени студенти и дека „не памети дека досега имале толкав притисок во ниеден бран“, кога се повеќе здравствени работници се разболуваат.

Категорично инсистирајќи дека нема сомнеж оти ковид-сертификатите мора да важат 24 часа на ден, Пауниќ рече дека за ситуацијата не смее да одлучува никој друг освен лекарите кои се дел од кризниот штаб.

„Значи, единствено лекар може да одлучи какви епидемиолошки мерки може да се применат во една земја во услови пандемија. Следен чекор ќе мора да биде затворање, затворање на три недели, а не две, за да се запре оваа ситуација што ја имаме“, посочи таа.

Исто така треба да се продолжи и со ковид-сертификатите и вакцинацијата во полн капацитет, нагласи Пауниќ.

Back to top button
Close