Српските граѓани во летниот период ќе бидат ослободени од патарини, потврди Филипче

Српските граѓани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини во земјава во знак на благодарност за донациите во вакцини, соопшти денеска и официјално министерот за здравство Венко Филипче во Белград на прес-конференцијата со српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

Филипче денеска е во посета на Белград, во Институтот „Торлак“, кој ќе произведува вакцини против ковид-19.

Back to top button
Close