Укинување на патарината денеска топ вест во српските медиуми

Комбе со мигранти удрило во рампата на наплатната кај Миладиновци - МИА

– Ретко кој медиум во Србија од утрово ја нема пренесено веста за денешното укинување на патарината за српските граѓани кои патуваат низ Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

„Од денеска за Србија бесплатно“, пишува Блиц, „Убава вест за граѓаните на Србија-Северна Македонија ја укина патарината“, соопштија Вечерње новости, „Во знак на благодарност за вакцините-укината патарината“ на Ало, „Новитет на граничниот премин за возачите од Србија“ на Мондо, а повеќето медиуми како РТС, РТВ, Политика, Дневник, Неделник, Нова.Рс, одеа со насловот „Од денеска бесплатна патарина за граѓаните на Србија во Северна Македонија“.

Во текстовите се наведува дека „Полициските службеници на преминот Табановце ќе дистрибуираат картички на сите српски граѓани до 15 август, во согласност со одлуката на Владата на Северна Македонија за ослободување на патарина од 15 јуни до 15 август, во знак на благодарност до Србија за донирање вакцини против коронавирус“, како и дека „МВР во Скопје веќе добило 65.000 картички од јавното претпријатие за државни патишта во Македонија“.

Српските граѓани кои денеска заминаа во Грција и на други дестинации преку социјалните мрежи сведочат дека оваа одлука започнала да се спроведува и дека не ја платиле патарината, соопшти „Блиц“.

– Картите за чекирање не чекаа од 5 часот наутро и подоцна на патот немаше никакви проблеми, наведуваат срспките туристи на социјалните мрежи.

Македонското Министерство за внатрешни работи им соопштило на српските медиуми дека дистрибуцијата на картичките започнало на полноќ и оти секое возило со српски регистарски ознаки што се движи по Коридорот 10, ќе добие картичка за патарина, како што е предвидено со одлуката на Владата.

Back to top button
Close