Српските превозници најавија нов протест: Европа го отфрли договорот, економијата трпи огромни загуби
Управниот одбор на бизнис-асоцијацијата „Меѓународен транспорт“ одлучи превозниците на Србија да започнат нов протест на 14 април доколку итно не се донесе преодно решение што ќе овозможи нормален живот и работа на професионалните возачи и превозници од Западен Балкан, беше објавено на веб-страницата на ова здружение.

Здружението изјави дека таквата одлука е донесена имајќи предвид дека се одржале неколку состаноци на Техничката работна група со претставници на Европската комисија (ЕК), како и дека, според претставниците на ЕК, сите предлози за промена на ставот кон професионалните возачи на Западен Балкан од страна на земјите членки биле одбиени и дека, како што наведоа, продолжува „понатамошниот терор врз возачите“, што вклучува апсења, депортации и забрани за влез во Шенген-зоната






