Српските студенти му одговорија Вучиќ: Распишете избори, па ќе дебатираме
Распишете избори, па ќе дебатираме – вака му одговорија студентите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој денеска ги повика претставниците на студентското движење на јавна дебата пред сите камери.
„Претседателот нè покани на јавна дебата. Очигледно, тој нема одговор на народниот бунт, па сега треба да разговара со нас, кои нè нарекува терористи со месеци. Ќе дебатираме за визии и програми за иднината, во предизборната кампања, кога ќе бидат распишани избори“, напишаа студентите на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград на социјалната мрежа Икс.
Вучиќ ги повика претставниците на студентското движење отворено да разговараат за барањата и за блокадите кои последните месеци го парализираат сообраќајот и предизвикуваат незадоволство кај граѓаните.