Српските туристи нема да плаќаат паркинг во Охрид како благодарност за вакцините

Бесплатен паркинг за сите српски туристи кои летово ќе го посетат Охрид, најави охридскиот градоначалник Константин Герогиевски во Белград.

Тој истакна дека оваа одлука ќе биде донесена на следната седница на Советот на општината, а се носи во знак на благодарност поради тоа што Србија ѝ донираше вакцини против ковид-19 на Македонија.

Освен бесплатен паркинг за српските туристи ќе има и други поволноисти, бесплатната патарина долж автопатот Е-75, попустите во дел од хотелите и рестораните во Охрид, Скопје и Дојран.

Србија на Македонија досега ѝ донираше 48.000 дози вакцини – 8.000 од „Фајзер“ и 40.000 од руската „Спутник“ со кои се вакцинираа здравствените работници во ковид центрите, полицајците, војниците, пратениците, медиумските работници.

Back to top button
Close