Српско МНР: Нападот врз полицаецот пред израелската амбасада е и напад врз Србија

Министерството за надворешни работи на Србија денеска соопшти дека земјата ќе има нулта толеранција кон тероризмот и секаков вид екстремизам и ќе продолжи да гарантира неповредливост на странските мисии.

Во соопштението на српското МНР се наведува дека нападот врз припадник на жандармеријата, кој ја чувал амбасадата на Израел во Белград, не е само напад врз дипломатско-конзуларното претставништво на земја со која Србија одржува пријателски врски, туку и напад на Србија.

– Уверени сме дека нашите надлежни државни органи ефективно и целосно ќе ги расветлат околностите и мотивите на нападот, се додава во соопштението.

Од МНР велат дека се во комуникација со МНР на Израел и со дипломатите на таа земја во Белград, на кои ќе им ја пружат сета потребна помош и поддршка.

– Јавно му благодариме на ранетиот припадник на српската жандармерија, кој херојски ја изврши својата должност, му честитаме на храброста и му посакуваме брзо закрепнување“, се вели во соопштението на МНР.

Back to top button
Close