Српско МВР: На собирот во Белград има околу 207.000 граѓани.Од Македонија на митингот на Вучич заминале 11 автобуси со фанови
Министерството за внатрешни работи на Србија објави дека денес во Белград, на платото пред Народното собрание на Србија, околу 207.000 граѓани присуствуваат на јавен собир организиран од „Движењето за народна држава“.

На јавниот собир присуствуваат и околу 2.600 мотоциклисти – моторџии, тврди МУП.
Според повеќе македонски и српски медиуми, дел од учесниците пристигнале и од Северна Македонија. Најмногу внимание привлече информацијата дека 11 автобуси со околу 600 лица тргнале од Скопје кон Белград за да присуствуваат на собирот.
„Министерството особено истакнува дека споменатиот јавен собир бил уредно пријавен кај надлежните органи од страна на организаторите, што ѝ овозможило на полицијата однапред да ги испланира и спроведе сите безбедносни мерки. Јавниот собир се одвива мирно, без инциденти, што е уште еден доказ дека превентивните мерки и професионалната работа на полицијата, во соработка со граѓаните, даваат најдобри резултати“, се вели во соопштението






