Срушен панорамскиот лифт во ГТЦ, раководството на трговскиот вели го послушале гласот на јавноста

Отстранет е панорамскиот лифт кој почна да се гради на влезот во Градскиот трговски центар (ГТЦ), кај вртеното скалило, кое е еден од симболите на Скопје, пренесе СДК.

Откако на 27 април раководството на ГТЦ ја стопираше изградбата на лифтот, по реакциите на архитектите дека е дивоградба и го сквернави еден од најзначајните објекти на македонската модерна архитектура, денеска е извадена железната конструкција и тој нема да се гради.

повеќе

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close