ССК: PMG Construction од Скопје победи на натпревар за избор на најубави фасади во Европа

 На натпревар за избор на најубави фасади во Европа што секоја втора година се одржува во Валенсија, Шпанија, прво место освои објект за колективно домување лоцирана во скопската населба Тафталиџе изработена од PMG Construction од Скопје, соопшти Сојузот на стопански комори на Македонија. 

Компанијата на натпреварот учествувал со два проекти во две различни категории, победничкиот „Букурешка” во категорија домувања во повеќесемејни станбени објекти и второпласираниот „Фотевски” во категорија воодушевени од текстурата. „Букурешка” се натпреварувал со 80 други проекти, додека „Фотевски”  со 36 други проекти. „Букурешка” освоил 7.749 поени, а „Фотевски“ 7,652 поени.

-Апсолутен победник во сите категории, вкупно шест, во кои се натпреваруваат 300 проекти од 23 земји во Европа со најмногу освоени поени е  објектот „Букурешка”, додека второпласирана во генералниот пласман е објектот „Фотевски”. Европското првенство се организира на секои 2 години, за да ги избере најубавите БауМит фасади, а со тоа да докаже дека квалитетот, услугата и задоволството се вреднуваат, како за инвеститорите, така за архитектите и изведувачите. Овој успех е заеднички, а најголема благодарност упатуваме до сите кои го дадоа својот глас за претставниците од Македонија, вели Мартин Ристевски, косопственик на PMG Construction.

Како што информираат од ССМ, Мартин компанијата ја води заедно со својот брат Пеце Ристевски кои како млади претприемачи до 30 години биле номинирани и избрани помеѓу 30 најуспешни бизнисмени под 30 години на Business Elite Awards under 30 in Europe 2022. Наградата ќе ја подигнат во септември оваа година во Атина, Грција.

-Градежништвото ни е семеен бизнис, додека течеше процесот на образование паралелно и работевме, бевме вклучени во реализацијата на проектите и изградба на објекти и така го стекнавме искуството. За да се успее во бизнисот треба да се поставуваат цели. Ако ги остварите зацртаните цели, тогаш чувствувате дека сте успеале. Но, успех, исто така, значи и самото тоа што се обидуваш да ги оствариш целите, успех се и обидите и падовите. Успех е секоја непреспиена ноќ, размислувајќи за нешто повеќе, вели Мартин Ристевски.

Во насока на поддршка на стручното образование, PMG Construction пред два месеци потпишаа и Меморандум за соработка со средното училиште „Здравко Цветковски“, и веќе од септември оваа година младите ученици ќе имаат можност преку практична настава во компанијата да научат повеќе и да ги надградат своите вештини.

Back to top button
Close