ССМ ја напушти седницата на ЕСС: Трендафилов најави протести во март, минималецот се зголемува за само 1.600 денари

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја напушти денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), револтиран од предлогот минималната плата да се усогласи за само околу 1 600 денари.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, преку социјалните мрежи обвини дека Владата, работодавачите и останатите синдикати застанале на иста страна против реално зголемување на примањата на работниците.

Според Трендафилов, денеска имало обид законското усогласување на минималната плата да се протурка без суштинска дебата за реалните потреби на работниците..

Трендафилов децидно посочи дека Сојузот на синдикати нема мандат да учествува во вакво усогласување, поради што нивните претставници демонстративно ја напуштиле седницата на ЕСС.

Back to top button
Close