ССМ: Ако „Баргала“ не ги исплати неисплатените плати на работниците, по нивен предлог може да се побара стечај

Работниците од штипската фабрика „Баргала“ добија поддршка од претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски и од претседателот на Синдикатот од текстилната, кожарската и чевларската индустрија Љупчо Радоски.
Синдикатот, како што информираа оттаму, има поднесени поединечни пријави за сите работници против сопственикот на фабриката за тој да биде санциониран за неисплатени плати за септември и април. Од ССМ велат дека доколку работниците побараат, ќе бидат поднесени и тужби за наплата на платите по судски пат.
Димовски им укажал на работниците дека доколку одлучат, ССМ може да покрене и стечајна постапка и на тој начин од капиталот на фабриката да им се наплатат побарувањата.
– Ако работодавачот не сака да сподели од капиталот со работниците, тогаш работниците ќе го споделат капиталот на газдата преку стечај, било истакнато на средбата.
За 15 јуни е закажана нова средба на работниците со синдикатот.

Back to top button
Close