ССМ со амандман бара во ребалансот на Буџетот да се внесе покачувањето на платите за 2 806 денари
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) поднесе предлог-амандман со кој бара со ребалансот на Буџетот за 2022 година да се обезбедат финансиски средства за исплата на 2 806 денари за вработените во јавниот сектор.
Предлогот, како што информираат од ССМ, е поднесен денеска и очекуваат тој да биде поддржан од сите пратеници особено од партијата која ги прозва да поднесат предлог за обезбедување на финансиски средства за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор.
„Сојузот на синдикатите на Македонија денеска до пратениците достави предлог со амандман со кој бара измена и дополнување на Буџетот односно предвидување средства со кои основната нето-плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и – институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје да се зголеми за 2 806 денари во нето-износ согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година сметано од 01.07.2022 година со ребалансот на Буџетот“,
информира ССМ.
Од ССМ велат дека ако пратениците не го поддржат овој предлог единствена опција е реализацијата на генералниот штрајк во јавниот сектор кој би започнал од 22 јуни, ако до 21 овој месец не се исполнат нивните барања за повисоки плати.
Најавата за генерален штрајк на ССМ дојде откако по презентација на ребалансот на Буџетот утврдија дека во него не се планирани средства за линеарно покачување на платите од 2 806 денари во јавниот сектор, како што им било ветено за време на преговорите со Владата.
По ова, ССМ имаше една средба во Владата, но таа заврши без договор
360 степени
МАКЕДОНИЈА
СТОРИЈА
ДЕБАТА
САБОТАЖА
ЗА НАС
Барај
ПРИЈАВИ СЛУЧАЈ
МАКЕДОНИЈА
ССМ со амандман бара во ребалансот на Буџетот да се внесе покачувањето на платите за 2 806 денари
360степени | 6 јуни, 2022 16:00
Од ССМ велат дека ако пратениците не го поддржат овој предлог единствена опција е реализацијата на генералниот штрајк во јавниот сектор кој би започнал од 22 јуни, ако до 21 овој месец не се исполнат нивните барања за повисоки плати
Во меѓувреме, по неуспешната средба со Владата минатата недела, денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави оти во текот на оваа недела ќе има средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и додаде оти дијалогот продолжува и има отворени прашања за кои треба да се разговара
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) поднесе предлог-амандман со кој бара со ребалансот на Буџетот за 2022 година да се обезбедат финансиски средства за исплата на 2 806 денари за вработените во јавниот сектор.
Предлогот, како што информираат од ССМ, е поднесен денеска и очекуваат тој да биде поддржан од сите пратеници особено од партијата која ги прозва да поднесат предлог за обезбедување на финансиски средства за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор.
„Сојузот на синдикатите на Македонија денеска до пратениците достави предлог со амандман со кој бара измена и дополнување на Буџетот односно предвидување средства со кои основната нето-плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и – институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје да се зголеми за 2 806 денари во нето-износ согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година сметано од 01.07.2022 година со ребалансот на Буџетот“,
информира ССМ.
Од ССМ велат дека ако пратениците не го поддржат овој предлог единствена опција е реализацијата на генералниот штрајк во јавниот сектор кој би започнал од 22 јуни, ако до 21 овој месец не се исполнат нивните барања за повисоки плати.
Најавата за генерален штрајк на ССМ дојде откако по презентација на ребалансот на Буџетот утврдија дека во него не се планирани средства за линеарно покачување на платите од 2 806 денари во јавниот сектор, како што им било ветено за време на преговорите со Владата.
По ова, ССМ имаше една средба во Владата, но таа заврши без договор.
Вицепремиерот за економски прашања, пак, Фатмир Битиќи денеска најави оти во текот на оваа недела ќе има средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Дијалогот, како што изјави Битиќи, продолжува и има отворени прашања за кои треба да се разговара.
Со ССМ, како што кажа Битиќи отворени се повеќе прашања. Освен усогласувањето на платите и нивното барање за линеарно покачување на платите, Битиќи ја наведе и методологијата за раст на платите и законот за плати кој, како што кажа, треба еднаш за секогаш да го реши прашањето за зголемувањето, ефикасноста, ефективноста.
„Се додека имаме отворени прашања, не би требало да повикаме на штрајк. Треба да седнеме на маса. Веќе оваа недела ќе ги повикаме, за да зборуваме за овие отворени прашања“,
рече Битиќи најавувајќи дека на следната владина седница ќе бидат формирани работните групи од страна на Владата кои ќе треба да почнат да работат на одржливо решение.