ССНМ го осудува нападот врз новинарската екипа на М Нет

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро реагира на новото попречување на професионалното извршување на новинарската задача на екипата на ТВ М Нет од Штип и нашиот колега снимател Виктор Ефремов, кои, со непречени услови за работа се стекнаа дури по пријава и по полициската интервенција.

ССНМ повторно нагласува дека колегите мора да бидат заштитени при извршување на својата обврска, а таа во основа е од интерес на граѓаните и бара против попречувачите итно да бидат покренати соодветни пријави.

Со најновиот случај во Штип кога на екипата на М Нет од физичко лице им беа упатувани закани и погрдни зборови, ССНМ заклучува дека државата на ова поле и не постигнала кој знае каков напредок што се должи на досегашната пракса нападите, етикетирањата и деградацијата да минуваат без санкции.

„Не можам да си одам, јас сум исто како и полицијата што е тука“, беа реакциите на снимателот, кој близу 20 минути беше попречуван да си ја изврши работната задача.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во исто време реагира и ги осудува и непримерните коментари под видеото емитувано во живо на социјалните мрежи. Сметаме дека и во нивниот случај мора да постои противмерка односно форма која ќе го запре говорот на омраза кон професионалците во медиумите кои се на должност.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници

Back to top button
Close