Стајл: Заклани 10 коњи во Зоолошката со амин од директорот

Десет коњи вчера биле заклани во скопската зоолошка градина,а уште шест си ја чекаат судбината. Наши извори велат дека со амин на директорот Кристијан Стаменов,коњите биле заклани и потоа ставени во ладилник.Дел од коњите биле запленети од дрвосечачи и сеуште биле со самари, а имало и маски, пренесе Стајл.

Точно е дека десет коњи моравме да ги убиеме,затоа што беа болни и со големи рани.Тоа се запленети животни од дрвосечачи кои да диво сечеле дрва за огрев. Другите шест коњи се живи и ние како институција ќе се обидеме да ги социјализираме. Закланите животни се во замрзнувачи и ќе служат како храна за месојадните животни, изјавил директорот Кристијан Стаменов за порталот.

Вработени во зоолошката кои сакаат да останат анионимни, велат дека плачеле кога ги убивале невините коњи.Тие тврдат дека коњите не покажувале знаци на болест,и дека меѓу нив имало и млади ждребиња

 

Back to top button
Close