Стабилна е состојбата на двајцата мажи кои со возило излетаа кај новиот мост во Штип

– Двајцата мажи на возраст од 35 и 50 години, кои вчера излетаа од коловозот кај новиот мост на река Брегалница и со возилото „Опел астра“ директно удриле во дрво, во непосредна близина на пешачката патека се во шок соба, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.

Таа вели дека извршен им се оперативни зафати и во моментов состојбата им е стабилна.

МИА вчера информираше дека сообраќајната несреќа се случи околу 15 часот, а да се извлечат двајцата мажи од возилото интервенираа и штипските пожарникари.

Ова е прва ваква несреќа на новата обиколница, која води од најголемите штипски населби, кон индустриските зони и булеварот „Гоце Делчев“, кој е влез и излез на градот Штип.

Back to top button
Close