Стадата овци пристигнаа во бачилата на планините во Западна Македонија

– Претходните две неделе беше доста живо на патиштата во кичевско, а причина беа многубројните стада овци кои од зимовалиштата во Повардарието се упатија на сочните пасишта на Бистра, Стогово, Шара и другите планини во овој дел од земјава, богати со трева и секаков вид вегетација.

Патот од  местата каде престојувале во текот на зимата до планинските пасишта стадата го поминаа за околу дестина дена, по секакво веме и терен , потврди Мефаил Ајрадини еден од сопствениците на матични стада овци .

-Секоја година во последната недела на мај и првата недела на месец јуни, стадата овци од Повардарието и Пелагонија се упатуваат на планинските пасишта во овој дел од земјава.Патот трае околу  десетина дена по секакво време и невреме.Од должината на патот и од самиот терен кој не секаде е погоден за движење , голем број на овци се повредуваат и ако случајно се издвојат од стадото се губат или се плен на диви животни. Патувањето е најтешкиот дел како за овците, така и за овчарите, кои пеш и без многу сон се грижат овците од полето да стигнат до планините-вели Ајрадини, кој смета дека оваа гранка е во многу тешка состојба и од година во година е уште потешко.

Овчарството е една од најтешките гранки за која човек се определил и како одминуваат годините така проблемите се зголемуваат.

-Се потешко се наоѓаат овчари, храната секоја година е се поската и она најважното се уште не сме ги добиле субвиенциите за ланската година, а веќе и оваа година се преполови. Има најави дека  во текот на овој месец премиите ќе бидат исплатени ,ако тоа навистина се случи наскоро, тогаш порелаксирано ќе го очекуваме претстојниот период се до продажбата на сирењето, додава Ајрадини .

Стадата овци се во постојана придружба на верните кучиња и на коњите, кои натоварени со храна за кучињата и овчарите го следат стадото од почетната до крајната цел.

Back to top button
Close