Стан се запали во Гостивар, два полицајци и еден граѓанин побарале лекарска помош
Пожар избувнал во стан на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, при што три лица, меѓу кои и двајца полициски службеници, побарале лекарска помош поради вдишување чад.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 5 август во 17:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека настанал пожар во стан сопственост на Г.С. (36).
Екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар интервенирала и го изгаснала пожарот.
Поради вдишување чад, на преглед во Ургентниот центар во Гостивар се јавиле Х.Џ. од Гостивар, како и двајца полициски службеници од ОВР Гостивар, кои учествувале во интервенцијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.






