„СТАНАВ МИЛИОНЕР БЕЗ А1, НО ОСТАНАВ БЕЗ МИЛИОНИТЕ ПОРАДИ А1, ЦРВЕНКОВСКИ НЕ МЕ ПРЕДАДЕ“ – емотивна исповед на Рамковски, во Бизнис муабети на Фактор

 

Станав милионер без А1, но останав без милионите поради А1, вели Велија Рамковски, некогаш познат и моќен бизнис магат, кој со својата А1 успеваше да ги контролира економско-политичките текови во државата, во најновиот поткаст Бизнис муабети, кој во текот на утрешниот ден ќе се емитува на порталот Фактор.

 

Како од најмоќен бизнисмен и милионер стигна до затвор. откриваме во поткастот Бизнис муабети со Велија Рамковски. Зборува за А1 Телевизија, а ќе можете да ја слушнете и неговата емотивна исповед за престојот во Шутка и Идризово. Дали повторно би ја отворил А1 Телевизија, но и колку пари има денес Рамковски. Сето ова, но и многу други интересни новини ќе можете да слушнете во утрешното издание во Бизнис муабети, само на Фактор, со познатиот водител Мишко Иванов.

Откриваме уште еден интересен детал од разговорот.

Мишко Иванов ударно му поставува едно интересно прашање.

Кој го предаде Велија Рамковски?

А гостинот како од пушка одговара – Никој.

Иванов вели – Не може никој.

А Рамковски повторува – Никој, апсолутно никој.

Иванов вели Бранко Црвенковски ќе ве ставаше премиер, на Никола Груевски му го правевте буџетот…

Велија вели:

„Јас и Бранко Црвенковски, секогаш бевме, уште во 2002 година, пред избори, секогаш со него преговарав да го намали буџетот. Се сеќавате на онаа негова парола – На 15 септември….“, вели Рамковски.

Рамковски не одговара на прашањето дали комуницира со неговиот син Хеди, и вели дека уште 5 пати да биде прашан, нема да одговори.

На прашањето дали му недостасува, тој вели – „Трагедијата на семејството Рамковски уште трае. Страшна е. Лично јас се разликувам од целата моја фамилија, но ја немаат сите таа „лудост“. И мене ми е жал, не сум виновен, а сум виновен за целата моја фамилија. И сите ги имам ставено на мака. И мене ми е многу жал за моето семејство, за жената за децата. Ми е жал за сите соработници кои беа во затвор. Но јас сакам пак да го живеам животот, пак да станам и пак да се борам за она што сметам дека треба, и да го направам денот да ми биде убав.

Но, доста ви беше за оваа тема, би ве замолил…

Тоа е многу тешко и не му го посакувам на никого. Мене да ме затвореше, разбирливо е. Јас тргнав да го рушам, нека ме сруши мене (мисли на Груевски -н.з.). Но, зошто децата, зошто семејството, зошто другите соработници. Зошто и сите вас да ве остави без работа (мисли на поранешните новинари на А1 телевизија – н.з.). Мене не ми е лошо, ни во затвор не ми беше лошо…“, вели Рамковски.

Целиот поткаст гледајте го утре.

Back to top button
Close