Станици за технички преглед украле 189 милиони денари од државата

Поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „проневера во служба“, Управата за финансиска полиција во периодот од март до август годинава извршила проверки во вкупно 75 правни субјекти, регистрирани за вршење дејност „технички преглед на секаков тип моторни возила“, кои парите наплатени за комунална, еколошка и патна такса, не ги уплаќале на сметка на државните институции, организации и здруженија, информираше денеска директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

– Средствата тие ги задржале на сметките и во корист на правните субјекти, преку кои ја извршуваат дејноста. Износот на паричните средства, кои од страна на правните субјекти за технички преглед, биле наплатени од правните и физички субјекти при регистрација на моторни возила, воопшто не е уплатен на сметка на соодветните државни институции, со што била предизвикана вкупна штета на буџетот на овие институции и организации во износ од над 189 милиони денари –  изјави Муареми.

Техничките прегледи, сепак, по интервенција на финансиската полиција ги уплатиле парите на соодветните сметки.

– По извршената интервенција од Управата за финаниска полиција, голем дел од правните субјекти за технички преглед извршиле уплата на паричните средства во вкупен износ од над 85 милиони денари на буџетските сметки на институциите, а исто така, за дел од неуплатените парични средства во висина од 14,9 милиони денари склучени се договори за плаќање на рати – изјави Муареми.

Back to top button
Close