Стапуваат на сила казните, 40 евра за пешак со телефон, 50 евра за тротинет на пешачки

Од денеска стапија во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот – секој што ќе преминува пешачки со мобилен телефон или ќе вози тротинет преку обележан премин ризикува парична казна..

Пешак кој ќе се движи со телефон на уво или во рака при преминување на коловоз или велосипедска патека ќе плати 40 евра. За возење тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред, казната изнесува 50 евра.

Со законските измени, пешаците се должни да се движат внимателно и без уреди кои го одвлекуваат вниманието при минување преку улица.

Од почетокот на наредната година следуваат уште построги санкции за возачите – за минување на црвено светло и за непрописно паркирање. Контролата ќе се врши преку камерите на проектот „Сејф сити“.

Практиката не е новина во Европа – во Франција за возење тротинет по тротоар се плаќа 135 евра, во Литванија пешак со телефон на премин казна до 40 евра, а во Данска дури и до 140 евра.

Со овие измени, Македонија се вбројува меѓу балканските држави со најригорозни правила за пешаците и корисниците на тротинети. – Скопје1.мк

Back to top button
Close