Старџен: Следната година нов референдум за независност на Шкотска

Шкотската премиерка Никола Старџен повикува следната година да се организира нов референдум за независност на земјата од Обединетото кралство, соопшти „Тајмс”.
-Шкотска треба да има шанса да избере дали ќе стане независна порано отколку подоцна, рече таа за телевизијата „ITV Border”.
На референдумот во 2014 година 55 проценти од Шкотланѓаните гласаа против независноста, но Брегзит и начинот на кој британската Влада управува со кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, доведоа до се посилна поддршка на идејата за независност на Шкотска, покажува последната анк
Шкотските парламентарни избори ќе се одржаат во мај и се очекува владеачката СНП да постигне добар изборен резултат.