Стара нацистичка мапа покрена потрага по мистериозно богатство

Стара мапа за која се верува дека го означува местото каде германските војници криеле богатство вредно милиони евра во Втората светска војна, оваа недела ја разбуди имагинацијата на аматерски ловци на богатство во Холандија.

Вооружени со детектори за метал и лопати, групите талкаа по полињата околу руралниот Омерен на истокот од земјата, откако Холандскиот национален архив објави мапа во вторникот.

Архивата вели дека се верува дека мапата покажува каде нацистичките војници криеле четири големи кутии полни со дијаманти, рубини, злато, сребро и секаков вид накит, украдени по експлозијата на банка во август 1944 година.

Картата била купена од германски војник кратко по војната од холандски институт одговорен за следење на германскиот капитал откако земјата била ослободена од нацистичката окупација во 1945 година.

-Иако постоењето на богатството никогаш не можеше целосно да се потврди, институтот направи различни неуспешни обиди да го пронајде во 1947 година – изјави за Ројтерс портпаролката на Националниот архив Ен-Марике Самсон.

Но, малите шанси да се најде богатство не ги одвратиле аматерските копачи на злато.

-Мапата со ред од три дрвја и црвен крст што го означува местото каде што би требало да биде скриено богатството, ја поттикнува фантазијата – рече поранешниот градоначалник на Омерен, Клас Тамес, кој сега раководи со фондација која поседува земјиште каде што може да се сокрие богатството.

Back to top button
Close