Старец(87) со запалка палел сува трева- го признал делото

На улицата Самоилова во Скопје, полицијата привела осумдесет и седумгодишен скопјанец осоничем дека предизвикал пожар кај Француски гробишта.

Лицето Х.Р. се сомничи дека во близина на гробиштата запалил сува трева, која набргу била изгасната од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

– Тој бил затекнат на местото каде што настанал пожарот и кај него била пронајдена запалка. Х.Р. бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријавам – велат од МВР.

Back to top button
Close