Старец од село во о. Врапчиште зема 5.000 евра од роднина, сега не сака да и ги врати
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Како што информираат од МВР, во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5.000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите, тој ја прекинал комуникацијата со неа.






