Старец прво им се заканувал на соседите, па нападнал полицајци

Синоќа во Крушево се случил сериозен инцидент, при што бил уапсен Ќ.Д. (76).

„Во 20:00 часот во Крушево од полициски службеници од Полициската станица Крушево бил лишен од слобода Ќ.Д.(76) од Крушево поради тоа што, откако претходно упатувал закани кон негови соседи, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствие. При лишувањето на К.Д. дошол Н.З.(51) од Крушево и ги попречувал полициските службеници во извршувањето на службените дејствија“, информира МВР.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Back to top button
Close