Старица ограбена пред продавница во Гази Баба, женско лице насилно ѝ го одзело паричникот

Старица од Скопје пријавила дека била ограбена пред продажен објект во скопска Гази Баба од женско лице, со употреба на физичка сила.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (10.11.2025) во 10:00 часот во СВР Скопје, М.Г.(77) од Скопје пријавила дека на 08.11.2025 околу 17:00 часот пред продажен објект на подрачјето на Гази Баба, едно женско лице со употреба на физичка сила ѝ одзело паричник со пари и лични документи

Back to top button
Close