Стармер открива за што бил состанокот со Мицкоски: Ги собрав лидерите за да го решиме проблемот со мигрантите

Премиерот на Велика Британија Кир Стармер открива за што се разговарало на средбата со Мицкоски и која е целта на овие средби и состаноци кои британската Влада ги има со лидерите од регионот.

Британскиот премиер открива дека главната тема биле мигрантите.

-Низ Западен Балкан има криминален автопат, кој ги води нелегалните мигранти директно во Велика Британија.

Нашата задача е да го затвориме и да ги разбиеме организираните шверцерски банди што го водат.

Денес ги обединувам земјите за да се справат со овој заеднички предизвик.

</div

Во соопштението пак кое го испрати премиерот до јавноста никаде не се споменува зборот мигранти иако неговиот британски колега на Х објави дека тоа било главната и единствена тема.

На средбата разговаравме за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на Обединетото Кралство на земјите од регионот, додаде Мицкоски.

Главата цел е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои се одржуваат во текот на денот, нотира во објавата.

Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, нотира во објавата на фејсбук премиерот Мицкоски.

Вчера британски Тајмс објави дека Македонија е една од државите од кои Стармер бара да изградар мигрантски центри.

Но Мицкоски го одбил барањето на Тајмс да да даде интервју на оваа тема.

 

 

Back to top button
Close