Стармер: Со вложувања ќе ја претвориме британската армија во интегрирана борбена машина

Британскиот премиер Кир Стармер вети нови инвестиции во одбраната за да ги претвори вооружените сили во „импресивна, интегрирана борбена машина“ како дел од владиниот преглед на одбраната.

Стармер рече дека ќе инвестира во војска која ќе биде „поинтегрирана, поподготвена и посмртоносна од кога било“.

Во ревизијата, што треба да биде објавена во понеделник, владата ветува 1,5 милијарда фунти за изградба на најмалку шест фабрики и ќе поддржи купување до 7.000 парчиња оружје со долг дострел произведено во Велика Британија.

Овој потег е одговор на повикот од ревизијата за „постојан “ производствен капацитет за муниција што би можел брзо да се зголеми.

Со новото финансирање трошоците на Велика Британија за муниција во овој парламентарен состав ќе се зголемат на шест милијарди фунти и ќе се отворат околу 1.800 работни места низ целата земја.

Стармер ревизијата ја нарече  „радикален нацрт“ што ќе ги зголеми инвестициите во бродоградба, технологија на беспилотни летала и кибер одбрана.

Подготовката за заканите на денешнината значи „обединување на сите можности што ги имаме, од беспилотни летала, до артилерија, до човечки инстинкт и интелигенција, во една импресивна, интегрирана борбена машина“, напиша Стармер за весникот „Сан“.

„За да го постигнеме ова, најавуваме бран нови инвестиции во нашите вооружени сили на копно, во воздух и на море“, додаде тој.

Тој рече дека Лабуристичката партија ќе го прекине „срамното празнење“ на вооружените сили.

„Ќе инвестираме во борбена сила која ќе биде поинтегрирана, поподготвена, посмртоносна од кога било – враќајќи ја Велика Британија таму каде што припаѓа како лидер во одбраната и лидер во НАТО“, рече Стармер.

Back to top button
Close