Стармер: За распоредувањето трупи во Украина ќе гласа Парламентот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека какво било распоредување британски сили според декларацијата потпишана со Франција и Украина ќе биде предмет на парламентарно гласање.
Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потпишаа декларација за намери во која се нагласува распоредување трупи во случај на мировен договор.
„Ќе го информирам парламентот за развојот на настаните и доколку е потребно распоредување на трупи според потпишаната декларација, ќе го ставам прашањето на гласање во парламентот“, изјави Стармер.






