Старо вмровско друштво.Тренов е веќе назначен за директор,Ставревски е до Мицковски хонорарно со многу привелегии Бонева е слободен стрелец
Објавено во: Македонија23 Јануари, 2025
– И после многу години, задоволство е, кога и да се сретнеме, по било кој повод!, објави Бонева на Фејсбук.
Таа повеќе не е активна во политиката откако претходно беше на удар на јавноста по високите патни трошоци кои ги добиваше како пратеничка и високите бонуси кои си ги доделуваше како член на Државната изборна комисија.
Ставревски подолго време работи во матичната партија ВМРО ДПМНЕ како советник за финансии на Мицковски а задолжен е за кнтрола на буџетите на општините во кои владее ВМРО ДПМНЕ.Неговото име се врти во јавноста за гувернер на НБМ но според партиски извори тој заради здравствени причини нема да биде гувернер туку изборот за гувернер наводно ке било решение на негов предлог.
Сепак Ставревски неколку години секој ден со возило и возач на ВМРО ДПМНЕ оди на работа во белата палата и сигурно тоа не е бесплатно само со превоз од партијата.
За гувернер посакува да биде избрана Маја Воиновиќ Кадиевска член на ИК на ВМРО ДПМНЕ,ќерка на поранешниот виден вмровец и поранешен министер за транспорт Душко Кадиевски.. Нејзе од партијата и понудиле да биде директор на Развојната банка (бивша Македонска банка за развој) но таа одбила со објаснување дека тоа е позиција под нејзиното професионално ниво.Во партијата има силно лоби преводено од министерката за енергетика Сања Боѓиновска со која денвиве Маја беше во Вараѓдин на свеското првенство за ракомет и од таму на селфи со двете дами на инстаграм министерката Боѓиновска ја објави фотката и напиша дека е сликана со новата гувернерка. Но во вровот на ВМРО ДОМНЕ имало многумина противници Кадиевска да биде нивниот избор за гувернер. Нивниот адут е дека иако е бивш вицегувернер таа не е вистинското решение а и бројат дека е семејно блиска со олигарх кој има банка но е на црната листа на САД и во земјава бил осуден на казна затвор за даночно затајување и други злоупотреби.
За Кадиевска Воиновиќ да биде новиот гувернер против била и председателката Гордана Сиљановска Давкова и гласно коментирала дека изборот и назначувањето на позицијата гувернер го право шефот на државата во овој случај таа и Кадиевска Воиновиќ воопшто не е нејзин избор.
Третиот на фотографијата вмровецот Тренов веќе доби функција од новата власт како директор на Управата за водостопанство.