Старото училиште „Димитар Влахов” во Љубојно ќе прерасне во Центар за промоција на македонскиот јазик

Старото училиште „Димитар Влахов” во преспанското село Љубојно ќе прерасне во Центар за промоција на македонскиот јазик, за што веќе е добиена согласност од македонската Влада.

Одлуката за изработка на Проект за реконструкција и ревитализација на училиштето чии вредности се од исклучително значење и датираат од 15 ноември 1944 година, кога во училиштето почна да се изведува настава на мајчин македонски јазик, е донесена на денешната 119. седница на Владата на Република Северна Македонија.

Постапката за реконструкција и ревитализација иницирана од Министерството за култура ќе ја реализира надлежната установа во преспанскиот регион, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Битола.

Со владината одлука, Министерството за култура во наредниот период ќе ги преземе сите натамошни дејствија во врска со адаптацијата на училиштето „Димитар Влахов” во Љубојно, во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Back to top button
Close