Стартува меѓународниот ракометен турнир „Струга 2025“
Со натпреварот на локалните ривали домаќинот Струга и Охрид попладнево стартува годинашново издание на ракометниот турнир „Струга 2025“. Почетокот на натпреварот е во 18:30 часот, а веднаш потоа следува и свеченото отворање на турнирот.
Во вечерниот термин од 20:40 часот е дуелот меѓу Бутел и екипата на Раднички Крагујевац.
На турнирот настапуваат шест екипи, кои се поделени во две групи. Во групата А настапуваат: Струга, Охрид и Бурса од Турција, додека во Б групата играат: Бутел, Тиквеш и Раднички.
Турнирот годинава го има 53.то издание, а се игра на отвореното игралиште на „Горан Попоски – Бабец“.
Финалето е закажано за сабота (16.август) со почеток во 20:40 часот.