Стартува новата редовна авиолинија Скопје – Љубљана

На Меѓународниот аеродром Скопје вчера започна да сообраќа новата редовна авиолинија Скопје-Љубљана на Виз Ер.

Патниците кои заминуваа на првиот лет за Љубљана од ТАВ беа пречекани со коктел забава и подароци.

ТАВ ја прославува оваа одлична пригода – воведувањето на новиот лет на Wizz Air на релација Скопје – Љубљана – Скопје. За оваа авиолинија имаше голема побарувачка, со оглед на тоа што има многу деловни патници, студенти и македонски иселеници кои често патуваат меѓу двата града, а речиси четири години, од 2019 година досега, немаше директна авиоврска меѓу Скопје и Љубљана. Среќни сме што Wizz Air го препозна ова барање и веруваме дека нивните услуги ќе ги задоволат потребите на нашите патници, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Тој додаде дека со воведување на новата рута ќе се зајакнат врските со Словденија, а посетителите на Љубљана ќе можат да го истражат богатото културно наследство и енергична атмосфера

Виз Ер ќе лета на релација Скопје – Љубљана – Скопје два пати неделно, секоја среда и недела. Времето на заминување во среда од Меѓународниот аеродром Скопје е 18:40 часот, со време на пристигнување во Љубљана во 20:20 часот. Полетувањето од Љубљана е во 20:55 часот со слетување на скопскиот аеродром во 22:30 часот.

Времето на заминување во недела од Меѓународниот аеродром Скопје е 19:00 часот, со време на пристигнување во Љубљана во 20:40 часот, додека полетувањето од Љубљана е во 21:15 часот со слетување на скопскиот аеродром во 22:50 часот.

Авиобилетите се во продажба по цена почнувајќи од само 1.539 денари, информираат од ТАВ.

Back to top button
Close