Стартува новата сезона во Лигата на шампиони

Со двата полуфинални натпревара од прелиминарното коло денеска официјално почнува новата сезона во фудбалската Лига на шампони.

Сезоната 2021/22 во елитното клупско натпреварување ќе биде отворена со пресметките меѓу шампионите на Фарски Острови, ХБ Торшавн и Интер од Андора (20 часот, Драч) и Фолгоре од Сан Марино против косовскиот првак Приштина (20 часот, Елбасан).

Македонскиот шампион Шкендија стартува од 1. квалификациско коло против словенечка Мура.

Шкендија е домаќин на првиот натпревар, што според најавите ќе се игра на 7 јули на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, додека реваншот е по една недела во Мурска Собота.

Титулата европски првак ја брани екипата на Челзи.

Back to top button
Close