Стартуваше младинската фудбалска Супер лига

Викендов почна новата сезона во младинската Супер лига и уште на стартот екипите кои важат за фаворити за шампионскиот трофеј забележаа убедливи победи.

Најубедлив беше Вардар кој со 9:0 го совлада Башкими. Иво Марковски и Мартин Јанчевски по три пати се запиша меѓу стрелците додека два гола беа Никола Ристевски.

Бранителот на титулата Работнички славеше со 5:0 во соочувањето против Струга Трим Лум. На овој натпревар четири пати прецизен беше Беркај Шаини.

АП Брера триумфираше над Тиквеш со 7:0. Натпреварот го одбележа хет-трикот на Иван Шириќ, а по два пати меѓу стрелците се запишаа Габриел Талески, Матеј Сејменов и Иван Тачев.

Шкендија во дуелот со Скопје забележа победа од 6:0 и за разлика од претходните мечеви на овој шест различни играчи ја затресоа мрежата на противникот.

Пелистер го совлада Арсими со 3:1, а со истиот резултат Њу Старс ги освои бодовите против Охрид Лихнидос.

Шкупи беше поуспешен од Брегалница и славеше со 5:1, а во последниот натпревар од првата рунда во младинската Супер лига, Македонија го совлада Тетекс со 2:1.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close