Стартуваше проектот за водоснабдување на Дебар

Денеска започна првата фаза од проектот на локалната власт на Дебар за стабилно водоснабдување на градот Дебар и неколку населени рурални места во општината Дебар и Центар Жупа .  Директорот на ЈКП Стандард  Бурим Каба  изјави дека во првата фаза ке се изврши смена на сите вентили на главните шахти почнуваки од  изворите во селото Росоки  па се до резерварот во Дебар.  Оваа е мошне значајна фаза од која очекуваме да се зголемат количините на вода кои пристигнуваат од изворите па се до  Дебар  додава Каба .,, Поради почеток  на работите и техничките зафати на старот,  Дебар и неколку селски населби денеска немаат вода 14 часа ,, истакнува Каба и додава дека работите ги изведува фирмаа     СМС Груп  од Скопје .

Градоначалникот Хекуран Дука  рече дека станува збор за значаен проект кој се реализира со инвестиции на општината Дебар .  Тој додаде дека во првата фаза инвестицијата изнесува 12,3 милиони денари  и ја изнесува оценката дека проектот фактички ке го реши проблемот со водоснабдувањето кој  особено во Дебар се јавува  во летниот период.  Во другите наредни фази со кои ке се продолжи потоа ке се реалиозираат зафати во водоводната мрежа во градот .

Во летниот период во Дебар нема вода и по неколу часа и покрај тоа што од изворите во Рососки одалечени околу 2о километри кон Дебар пристигнуваат над 100 литри вода во секунда. Се верува дека проблемот е во старите шахти и вентили како и во градската водоводна мрежа .

К.М.

Back to top button
Close