Став на ВМРО-ДПМНЕ во врска со образовниот процес и Ковид 19 пандемијата

Соопштение на ВМРО ДОМНЕ:

Точно 15 дена до законскиот почеток на учебната година. Министерството за здравство во хаос и со контрадиктори изјави, а Министерството за образоваие и наука без прецизни одговори на бројните предизвици, со спротивни ставови на Комисијата за заразни болести и Министерството за здрвство. Владата е без одлука за типот и начинот за изведување на наставата. Почетокот на учебната година ја одложува поради тоа што нема законска одредба за учење на далечина, а врз основа на која закнска одредба воопшто се одложува почетокот на учебната година?

Дури и да прифатиме дека одложувањето на почетокот сега е оправдано, се прашуваме што мислеше Владата по појавата на пандемијата, пред распуштање на Собранието за образованието во државата? Зошто тогаш не го сменија законот кога според сознанијата од Вухан и Италија беше сосема јасно дека наставата ќе мора да продолжи на далечина. Изборите ли беа поважни од тоа?

Постојано сме обвинувани дека не сме кооперативни. Во повеќе наврати, преку пресови, соопштенија и објави на фејсбук од јуни до почетокот на август презентиравме цел план за отпочнување на учебната година.

Предложивме 3 модули: физички, комбиниран и онлајн. Кажавме кој каде треба да се применува и како. Задоволни сме што планот во целост е прифатен и немаме ништо против што е присвоен. За децата станува збор.

Проблемот е што Владата нема смелост да го имплементира и што нема смелост да ја превземете одговорноста.

Потсетуваме:

Физичка настава може да има во средини каде што нема Ковид19 или има изолирани случаи.

Комбинирана настава може да има во средно ризични подрачја со најмногу 15 ученици во клас, со превземени сите мерки за безбедност.

Онлајн настава треба да има во средините со висок ризик.

Комбинираната настава треба да се одвива со ротација на учениците на 2 недели, 2 недели физичко присуство, 2 недели онлајн, физичкото присуство во една училница, без кабинетска настава. Доколку часот трае повеќе од 20 минути треба да се предвидат дополнителни средства од буџетот за да се плати прекувремената настава на наставниците. Скратени часови се неопходни за работа на училиштата во повеќе смени.

Материјалите треба да бидат снимени и поставени на унифицирана платформа.

За оние што ќе учат само онлајн треба да се обезбеди скратена програма.

Back to top button
Close