Ставревски би бил грешка на Мицкоски ако стане гувернер, го памтиме по купување чоколади наместо леб. Членот на советот за безбедност избран од Сиљановска, Хајредини, го нападна фаворитот на Мицковски

Името на ексминистерот за финансии, Зоран Ставревски, се споменува кога во прашање е идниот гувернер на Народна банка. Ексминистерот за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини, кој сега е дел од Советот за безбедност на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, смета дека ваквото назначување ќе биде грешка на премиерот Христијан Мицкоски.

„Би била голема грешка на премиерот Мицкоски, доколку, толку успешната гувернерка на НБМ, Анита Ангеловска Бежоска, ја замени со Зоран Ставрески, кој е познат како десна рака на Груевски и негов кум, прво во улога на министер за финансии, потоа негов заменик.
Тој ќе остане запаметен и како цело тоа време за проектот “Скопје 2014″ се потрошија една милјарда евра, пари на народот и ” кога немавме леб купувавме чоколади”.

Ставрески од Индија во Македонија го донесе злогласниот и контроверзен бизнисмен, Субрата Рој.
Во негово време се склучи и коруптивниот договор со кинеската компанија СИНОХИДРО, од која зедоа близу 30 милјони евра мито.
П.с. Познат е и по случајот кога беше на власт, поради непозната адреса, поштата не можеше да му ја врачи поканата за да се јави на суд“, напиша Хајредини.

Сепак утре ќе биде јасно дали Силјановска Давкова ке се потпише на предлогот Ставревски како фаворит на Мицковски и негов советник да биде новиот гувернер или ќе се одважи и предлогот ќе биде нејзин како што е според уставот и ќе предложи сегашната Бежовска да остане уште еден мандат. Споменуваната Маја Кадиевска Воинович според извори од председателскиот кабинет одамна не е во игра но останува да видиме.

Back to top button
Close