Стејт департмент: Корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во Македонија иако законската рамка е главно во согласност со меѓународните стандарди

Корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во Македонија иако законската рамка е главно во согласност со меѓународните стандарди, се вели во најновиот Извештај за инвестициска клима за 2021 на американскиот Стејт департмент. Во извештајот за Македонија се забележува дека во целина, „земјата има комплексна регулаторна средина, со чести регулаторни и законски измени, кои заедно со неконзистентната интерпретација на правилата креираат непредвидлива средина за бизнис која води до корупција“.

„Владата генерално го спроведува законот, но има бројни извештаи дека некои функционери и натаму се вклучени во коруптивни активности“, се вели во Извештајот.

Во Извештајот се спомнува и дека големите странски компании во Технолошките индустриски зони главно имаат добри односи со владините функционери, кАко и тоа дека Антикорупциската комисија има отворено повеќе истраги за корупција, меѓу кои и за високи финкционери

Back to top button
Close