Стејт департментот за „Рекет“: Пресудата испраќа порака дека корупцијата нема да се толерира

Пресудата за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и за шоуменот Бојан Јовановски-Боки 13 во случајот „Рекет“ испраќа важна порака дека корупцијата нема да се толерира, оцени портпаролот на Стејт департментот, во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик.

„Овој случај става јасно до знаење дека злоупотребата на јавна функција за лична корист ќе биде соодветно казнета“,

истакнуваат од Стејт департментот посочувајќи дека овој случај го следат со внимание.
Исто така, се потенцира дека фер и непартиско менаџирање на судството е суштинско за иднината на Северна Македонија.

Back to top button
Close