Стејт Депатментот: Важно е да се спречи „Раша тудеј“ и „Спутник“ да предизвикаат штета во Македонија

Џејмс Рубин, специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман при Стејт департментот на САД, во интервју за Гласот на Америка изјаавил дека Македонија е првата земја со која САД потпишаа меморандум за разбирање во борбата против дезинформациит и дека вакви меморандуми планираат да склучат и со други земји, меѓу кои Бугарија и Словачка.

„Манипулацијата со информации е сериозен проблем за САД. Тоа е проблем во целиот свет. Откривме дека во многу случаи Кина на некои медиуми ја дава бесплатно својата новинска служба под услов да не смеат да користат други новински служби ако сакаат нивната да ја користат бесплатно. Се обидуваме да го спречиме тоа“, изјави Рубин.

Во врска со потпишаниот меморандум за разбирање со Македонија, Рубин посочи дека САД увиделе дека руските државни медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“ сè уште емитуваат програма во Србија и дека се користат „за да се мешаат и да предизвикаат штета во Македонија или и во Црна Гора“.

Значи, ако живеете во Црна Гора, можете директно да ги читате руските дезинформации, на српски, кои доаѓаат преку Србија. Не се работи толку за надворешно мешање во изборите колку што е важно да се спречи „Раша тудеј“ и „Спутник“ да предизвикаат штета во Црна Гора или во Македонија“, појаснил вчера Рубин во интервјуто за ВОА.

Затоа склучивме меморандум со Македонија, а таквите договори ја формализираат желбата на другата страна да го третира овој проблем со иста сериозност како нас. Ова не е решение на проблемот, туку демонстрација на волја“, додал специјалниот претставник

Тој додал дека треба да се работи на владата на Македонија „да им даде средства за следење на чистотата на информативниот простор, да им покаже како скриената рака на Русија се меша во нивниот информативен простор“.

Да се ​​обидеме да им дадеме алатки за да го анализираат труењето на нивниот информативен простор. Ова значи размена на врвни искуства за бесплатна медиумска работа, проверка на факти, зајакнување на отпорноста“, рекол меѓу другото Рубин.

Back to top button
Close