Стефан Лазаров доделува стан во Ченто и автомобил, како благодарност за заедницата која го поддржувала
Еден од најпопуларните македонски YouTube креатори Стефан Лазаров, оваа година одбележува значаен јубилеј – 5 години постоење на својот канал, кој прерасна во еден од највлијателните дигитални медиуми во земјава.
Преку своите подкасти, Лазаров успеа да го привлече вниманието на широката јавност и да создаде простор, каде што во изминатите пет години гостуваа некои од најголемите имиња на македонската естрада, медиумите и јавниот живот, претворајќи го каналот во медиумска платформа која ги надминува границите на класичната забава, информираат од ПР тимот на Лазаров, и додаваат дека по повод јубилејот, пет години во етерот, на гала вечер ќе биде доделена награда – стан во Скопје, а пред гала вечерта пак, на настан, ќе се додели и награда – автомобил.
-По повод одбележувањето на јубилејот, Лазаров на 18-ти јуни ќе приреди гала вечер насловена „Lazarov Awards“, во рамките на која ќе биде одржан најголемиот giveaway во регионот, со највредниот подарок досега – стан од 36 метри квадратни во населбата Ченто во Скопје. Покрај ова, ќе следуваат и други подароци, како симбол на благодарност кон заедницата која со години го следи и поддржува Лазаров.
На гала вечерта, која ќе биде пренесувана во живо на YouTube каналот на Лазаров, ќе присуствуваат бројни познати личности од естрадата и јавниот живот во Македонија, кои со свои гостувања во изминатите години кај Лазаров, придонесоа каналот да стане мега популарен на YouTube платформата.
Покрај доделувањето на главните подароци, ќе бидат доделени и специјални признанија за личности, проекти и заедници кои оставиле значаен белег во медиумскиот простор и јавниот живот, како и ексклузивни изненадувања специјално подготвени за оваа вечер. Целата програма е осмислена како совршен спој на забава, емоција и автентична благодарност кон публиката, која е сржта на петгодишното YouTube патешествие на Лазаров. Настанот ќе понуди незаборавна атмосфера, со моменти што инспирираат, мотивираат и ја слават моќта на заедницата што се гради преку екранот – но се чувствува во живо, информираат од ПР тимот на Лазаров.
Додаваат дека посебно значаен момент од вечерта ќе биде и прикажувањето на видео тизер за документарниот филм посветен на Зоран Василевски – Фаци, прерано починатиот новинар и пријател на Лазаров, кој остави неизбришлива трага во медиумскиот простор.
-Овој момент ќе додаде емотивна димензија на целата програма и ќе потсети на значењето на автентичноста, хуманоста и пријателството во јавниот живот.
Како загревање за гала вечерта, на 21-ви мај во Ragusa 919 ќе се одржи настан, на кој ќе биде доделен уште вреден подарок – автомобил Peugeot 3008 (2020 година). Настанот ќе биде збогатен со настапите на Мики Секуловски и Хепи Енд Бенд, а исто така ќе биде пренесуван во живо, на YouTube каналот на Лазаров, известија од неговиот ПР менаџмент