Стефан во Дино парк нова книга од Александра Велинова

👉Денес излезе од печат нова илустрирана книга за деца „СТЕФАН ВО ДИНО ПАРК“ од авторката Александра Велинова. Книга во која се раскажува низ стихови и оригинални илустрации и која е наменета за децата од предучилишна и рана училишна возраст. Оваа книга е продолжување на едицијата патувања, со цел децата да се едуцираат и забавуваат преку книга. Стиховите сочинуваат една целина, во која на хумористичен начин се запознаваат малите читатели со најпопуларните диносауруси и тоа: каде живееле, што јаделе, како изгледале. Главниот лик во книгата е Стефан, дете кое како и многу други деца, го интересираат диносаурусите. Кога се наоѓа во Дино паркот, тој е јавач, палеонтолог и ловец на диносауруси, но пред сè тој ги сака и ужива во играта со нив.
👉ИЗВАДОЦИ ОД РЕЦЕНЗИИТЕ:
„Книгата со текст, надградена со илустрациите претставува возбудливо уметничко доживување по кое копнее детската душа, ум и фантазија…“ (Проф. д-р Благица Петковска)
„Играта на Стефан во Дино паркот е плод на детската храброст. Тој дури и гласно ја објавува својата храброст и одлучност да истражува, да допре до дното на тајниот свет, во дадениот случај на диносаурусите…“ (Трајче Кацаров)
✅ Автор: Александра Велинова
✅ Илустрации: Игор Јовчевски
✅ Уредник: Михајло Маказлиев
✅ Лектура: д-р Лилјана Пандева
✅ Рецензија: проф. д-р Благица Петковска и м-р Трајче Кацаров
✅ Компјутерска обработка и дизајн: Михајло Маказлиев

Back to top button
Close