Стефоска: Нашиот најголем предизвик е да се соочиме со вистината колку сме кршливи

На денешната пленарна сесија, на која се разгледуваа генералните политики на УНЕСКО за 2021 година, од името на министерката за култура Ирена Стефоска, пред присутните се обрати амбасадорката Јадранка Чаушевска-Димов, постојан претставник на Република Македонија во УНЕСКО.

Во своето обраќање, честитајќи го 75-годишниот јубилеј на Организацијата, Стефоска, меѓу другото, рече: „Дали удобниот живот на оваа единствена колоритна планета заврши откако зборот профит стана поважен од зборот совест? Или откако лошата вест стана прва вест.

Сеедно, сметката за плаќање стигна. Во овој век нашиот најголем предизвик е отворено да се соочиме со вистината колку сме кршливи. (How fragile we are)

Во справувањето со сиве овие предизвици, јас ја гледам големата слика. Убедена сум дека сите заедно, со УНЕСКО, сепак ќе успееме. Зашто УНЕСКО е синоним за мултилатерализмот, чувар и промотор на универзалните вредности, на хуманизмот, на солидарноста, на мирот, на толеранцијата, на слободата“.

На 41. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, на која за генерален директор повторно е избрана г-ѓа Одри Азуле, се дискутира за стратегијата за периодот 2022 –2029 г., а ќе се усвојат препораките за етика на вештачката интелигенција и за отворена наука, како и програмата за одбележување јубилеи во рамките на УНЕСКО за следните две години, во чии рамки нашата држава ќе го одбележи јубилејот „100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов“.

Во рамките на 41. сесија на Генералната конференција се одржа и специјален настан со кој се одбележа јубилејот „75 години од основањето на УНЕСКО“. За овој настан, Македонската национална комисија активно се вклучи со свои прилози (документи, фотографии, видеоматеријали и пригоден спот со кој се честита јубилејот), кои се вградени во јубилејната публикација на УНЕСКО објавена во електронска форм

Back to top button
Close